Македонија
15. September 2015 - 9:34

Скопската обиколница затворена за сообраќај од 7 до 19 часот

Обиколницата околу Скопје денеска во време од 07:00 часот до 19:00 часот ќе биде затворена за сообраќај.

Како што соопштија од продукциската куќа „Шик Филмс” и Мануфактура продукција, затворањето на обиколницата е заради потребите на снимањето на францускиот филм „A FOND”.