Скопската населба Топанско Поле доби нов парк
Скопската населба Топанско Поле денеска доби нов парк, кој се простира на површина од 9.200 м2.
Во новиот парк се засадени триесетина садници и листопадни и зимзелени, како дел од засиленото зазеленувањето на Скопје и есенското садење на над 7000 садници на територијата на градот.
Директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Ардијан Муча информира дека инвестицијата за новиот парк е во износ од 6 милиони и 100 милјади денари и е дел од потпишаниот договор за меѓуопштинска соработка на Градот Скопје со општините.
– Инвестицијата е од страна на Градот Скопје во делот на реконструкцијата на паркот и поставувањето на системот за наводнување, а делот за поставување на урбаната опрема од страна на Општина Чаир, рече Муча.
Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу рече дека во иднина ќе се сретне со граѓаните за да ги слушне новите идеи и барања за надополнување за активностите во овој парк и за фан зона. Тој апелира да се зачуваат парковите и зеленилото.
Ново на Сител
-
Матните настани за корупција, институциите да ги сфаќаат сериозно
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите