Скопје утрово повторно е најзагаден град во Европа и 11-ти во светот
Специјализираната платформа за мерење на квалитетот на воздухот „IQAir“ ги објави податоците од најновите мерења, и според нив, Скопје утрово е најзагаден град во Европа и 11-ти во светот.
Индексот на загаденост изнесува 166, и со тоа Скопје е во категоријата на високо загадени средини, опасни за здравјето на граѓаните.
На глобално ниво, најзагаден град е Делхи во Индија, а по него следуваат Лахор, Вухан, Карачи и други мегалополиси. Скопје е на 11-тото место, единствен европски град меѓу најзагадените во светот.
Минатиот месец се одржа протестен марш против загадувањето и беа побарани итни и ефикасни мерки. Проблемот не е само локален – според Светската банка, загадувањето на воздухот годишно предизвикува смрт на околу 2.800 жители во Македонија, од кои најголемиот дел се од Скопје и Тетово.
Владата објави Акциски план за краткорочни мерки кои вклучуваат засилени контроли, забрани и замена на загадувачките енергенти. Во тек е набавка на стотина електрични автобуси за јавниот превоз, што треба да го намали загадувањето од сообраќајот. Дополнително, планирани се когенеративни централи за производство на енергија, кои ќе ја намалат зависноста од дрва и нафта за затоплување.
Иако плановите се амбициозни, граѓаните бараат побрзи и поефикасни решенија, бидејќи загадувањето продолжува да го загрозува нивното здравје и секојдневие.
Ново на Сител
-
Богојавление Водици на Плетварско езеро
-
Сузбиена криминална група предводена од Раде Штекли – 14 лица од Скопје осомничени за трговија со дрога
-
Богојавление Водици во Скопје
-
Богојавление Водици во Охрид
-
Томче Голабоски го фати крстот во Струга
-
Сител од Неиве - јубилејно по 20ти пат македонската дијаспора во Италија празнува Водици
-
Мицкоски ги почна работните средби во САД, Трамп дочекан со огномет во Вашингтон
-
Преглед на вестите од светот