-->
-->
Скопје: Тешко повредени две лица во сообраќајка помеѓу автобус на ЈСП и автомобил
-->

На 08.04.2023 околу 22.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Васил Чакаларов“ и ул.„Ангел Динев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(39) од Скопје и автобус на ЈСП Скопје „јутонг“ со скопски регистарски ознаки, управуван од З.Р.(51) од Волково, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило Т.М. и неговата сопатничка Е.К.(36) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Кризната состојба за нафтата ќе трае до 20 јули
-

Европа може да се соочи со недостиг на керозин: Колкави резерви има Македонија?
-

ММФ: Помал раст на економиите и повисока инфлација поради војната на Блискиот Исток
-

Петмина сведоци не се појавија на судењето за „Пулс“
-

Со докази продолжи судењето за Димитровска
-

СДСМ со кривична за унгарски сопственици на ТВ Алфа
-

Универзитетите и Владата единствени за новото законско решение за високото образование
