Македонија
5. October 2024 - 16:51

Скопје: Со возило полно мигранти бегал од полиција, па удрил во бетонски столб

Денеска (05.10.2024) околу 04:05 часот на локалниот пат Стојаково-Богданци патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, во кое имало мигранти, на даден знак стоп од полициски службеници не застанало туку продолжило со движење кон с.Богородица, каде удрило во бетонски столб.

Потоа возачот и дел од мигрантите се дале во бегство, а пронајдени се двајца мигранти од Пакистан, кои се предадени во Прифатниот транзитен центар Винојуг-Гевгелија за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.