Скопје, Штип и Гевгелија со највисока температура од 40 степени

Скопје, 30 јули 2015 (МИА) - Максималната температура од 40 степени денеска е измерена во Скопје, Штип и Гевгелија. Во Демир Капија се измерени 39, во Струмица и Тетово 38, во Битола, Прилеп и Виница 37, Крива Паланка, Тополчани и Претор 36, Пожаране 35, Берово и Охрид 34 и во Маврово и Лазарополе 30 степени.
Според информацијата од Управата за хидрометеоролошки работи до крајот на денот времето ќе биде малку до умерено облачно со слаб до умерен северозападен ветер, а долж Повардарието повремено ветерот ќе се засилува.
Времето утре ќе биде променливо облачно и малку посвежо време. Ќе има сончеви и периоди со повремени локални и краткотрајни врнежи од дожд кои наместа ќе бидат проследени со грмежи, особено повеќе ќе бидат застапени во планинските подрачјано претежно ќе бидат во утринските и во доцните вечерни часови.
Ке дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а долж Повардарието повремено ќе се засилува.
Утрнската температура во земјава ќе биде во интервалот од 14 до 21, а највисоката, се очекува да достигне од 33 до 38 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди со услови за краткотраен дожд и со умерен до засилен северозападен ветер.
Утринската температура ќе се спушти до околу 19, а највисоката дневна ќе достигне до 36 степени.
Во наредните денови ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и малку по пријатно време. Дневната температура ќе опадне за неколку степени, но во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Калиопи, естрадна уметничка
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
-

Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
-

Дрва, пелети, струја или парно - кое греење зимава ќе биде најевтино?
-

Променливото време аларм за хронично болните
-

Сејф сити од утре во Охрид, Струга, Дебар и Кичево
