Скопје моментално е најзагаден град во светот
Градот Скопје од утрово е на неславното прво место, како најзагаден град во светот, покажуваат најновите податоци на светскиот сервис IQAir, кој го следи аерозагадувањето.
Индексот на ПМ 10 штетните честички во воздухот во Скопје изнесуваат 194. После Скопје на листата следуваат градовите претежно од азискиот континент, како Дака, Делхи, Калкута, Лахоре.
Индексот AQI ги зема предвид концентрациите на ПМ2,5 и ПМ10 честички, како и насоката и јачината на ветерот.
Максимално дозволена концентрација на ПМ 10 во воздухот е 50 микрограми на метар кубен.
Град Скопје воведе низа мерки за справување со загадувањето, кои за жал не вродија со плод. Мерката за бесплатен јавен превоз во главниот град беше активирана на 27 декември откако два дена по ред беше надминат прагот на алармирање за ПМ10 честички во воздухот.
Сепак само два дена подоцна беше укината, поради поради подобрување на состојбата со загаденоста на воздухот и по добиено известување од Министерството за животна средина и просторно планирање, а врз основа на податоци од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздух.

Ново на Сител
-

Петрушевски: Фотографијата на Филипче со газдата на фабриката во која се запленија 30 тони дрога, упатува на директна вмешаност
-

Трчајќи преку автопат во Хрватска две лица загинале
-

Сибиха: Нереално е завршување на војната во Украина без Трамп
-

Приведен дваесет и петгодишник од Малтино, осомничен за убиство на жена во село Челопек
-

Норвешка и Италија најуспешни на половина од ЗОИ 2026
-

Мицкоски на средба со извршниот директор на Американскиот еврејски комитет
-

Нов американски напад врз брод во Карипско Море, при што загинаа три лица
-

За шест часа собрани средствата за лекување на малата Ана
