Скопје ја доби првата тартан патека во Градскиот парк

Граѓаните на Скопје од денеска имаат можност да се рекреираат на првата тартан патека што е оформена околу малото езеро во вториот дел од Градскиот парк, во еден од најживописните делови на паркот. Патеката е наменета за сите граѓани, а не само за професионалните спортисти.
– Од денеска на скопјани им ја ставаме на располагање првата тартан патека на јавен простор, во Градскиот парк околу малото езеро. Патеката има кружна форма, долга е 534 метри и ќе послужи вљубениците во трчањето, оние што трчаат на Скопскиот маратон, но и рекреативците, да ја имаат вистинската подлога за нивната активност. Ако има интерес и увидиме дека граѓаните ја користат, Градот Скопје планира ваква кружна патека да направи и околу големото езеро во Градскиот парк. Оваа патека е сместена на многу атрактивна локација, во еден од најживописните делови од паркот. Внимававме граѓаните патеката да можат да ја користат и во текот на ноќните часови, односно, таа е целосно осветлена, изјави градоначалникот Петре Шилегов на денешната промоција на новата тартан патека во Градскиот парк.
Тој ги повика граѓаните да ја искористат оваа можност што ја нуди Градот за рекреација и за поздрав живот и да ја користат оваа патека.
Сенките од околните дрвја ја штитат патеката од директните сончеви зраци, што ја прави атрактивна и за во летниот период кога многу граѓани го користат паркот за прошетки, одмор и рекреација. Околу тартан патеката е поставена и соодветна урбана опрема и придружни содржини – инфо табли, чешми, клупи и корпи за џебен отпад.
Шилегов најави дека Градот Скопје и понатаму ќе продолжи да ги зголемува и уредува урбаните површини кои скопјани ги користат за спорт и рекреација.
Ново на Сител
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
-

Во изминатото деноноќие уапсени 13 возачи поради „безобѕирно управување со возило“
-

Мицкоски: Денеска ќе донесеме мерка за намалување на ДДВ за дизел горивото од 18 на 10 проценти
-

СУГС „Здравко Цветковски-Гуц“се прости од својот ученик кој загина во сообраќајката кај Илинден
-

Уапсен прилепчанец кај Љубаништа, поседувал марихуана и сина таблета
-

Мицкоски: Дејвид Гета не беше само голем музички настан, туку вечер во чест на Македонија
-

УХМР: Најмногу дожд наврна во Гевгелија 18 литри на квадратен метар
