Скопје и Сараево потпишаа протокол за зајакнување на соработката
– Градоначалничките на Скопје и на Сараево, Данела Арсовска и Бенјамина Кариќ денеска потпишаа протокол за зајакнување на соработката. Протоколот е потпишан во Сараево, каде Арсовска е во службена посета, на покана на градоначалничката Кариќ.
-Со збратимениот град Сараево, денеска потпишавме протокол за зајакнување на соработката меѓу двете претстолнини. Заедно со градоначалничката на Сараево, Бенјамина Кариќ искажавме подготвеност за унапредување и зајакнување на веќе постоечките пријателски релации и меѓусебната соработка со конкретни проекти од заемен интерес, во областа на економијата, културата, спортот, образованието, животната средина, соопшти попладнево Град Скопје.
![]()
Со новиот протокол, Град Скопје и Сараево пристапуваат кон суштинска соработка и реализација на зацртаните цели на двете градски администрации, преку размена на идеи за потенцијалните проекти и утврдување на динамиката на нивна реализација.
Ново на Сител
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
