-->
-->
Скопје домаќин на Евробаскетот за јуниори
-->
Главниот град на Република Македонија, Скопје,ќе биде домаќин на Европското првенство за кошаркари до 18 години (дивизија Б).
Денеска во седиштето на ФИБА-Европа, беа одредени градовите домаќини за претстојните континентални шампионати во младински конкуренции, на кои Македонија ќе настапи со четири селекции.
Машка јуниорска селекција која ќе настапува на Европското првенство до 18 години (дивизија Б) кое ќе се одигра нашата престолнина, а ќе биде сместена во групата Ц заедно со Чешка, Холандија, Израел, Исланд и Луксембург.
Машка кадетска селекција (до 16 години) ќе се игра во Сараево, Босна и Херцеговина против врсниците од: Белгија, Русија, Словачка, Норвешка и со Данска, а во рамки на Б групата.
Младинците до 20 години пак, ќе земат учество на првенството во Софија, каде во рамки на групата А за противници ќе ги имаат селекциите на: Летонија, Белгија, Белорусија и Азербејџан.
И единствената женска селекција, кадетската до 16 години, ќе игра во Подгорица, како дел од групата А, заедно со домаќинот Црна Гога и селекциите на Шведска, Грција, Велика Британија и на Исланд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Наместо 5.000 денари, пензионерите во септември ќе добијат 2.500, а останатите во март
-
Борисов со нови закани, Мицкоски вели дека изјавите му се застарени
-
Синдикатот на полицијата со кривична против Оливер Спасовски
-
Преглед на вестите од светот
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари