Македонија
25. July 2017 - 16:42

Скопје доби уште една локација за подземни контејнери

Надворешните контејнери стануваат минато. Во период од четири години, во Скопје се изградени 39 подземни системи за собирање комунален отпад. Граѓаните велат дека на овој начин се спречува разнесување на сметот и непријатната миризба.

Подземни контејнери се поставени во скоро сите скопски општини. Градските власти велат дека овој проект продолжува и годинава. Планирано е да се градат уште 15 системи со хидраучичен погон.

-Овој систем за собирање на комуналниот отпад е исклучително софистициран и успешен, со одлични ефекти во заштитата и зачувувањето на здравјето на граѓаните, како и во одржувањето на хигиената во општините. Сакам да апелирам до граѓаните да ги чуваат и соодветно да ги користат овие подземни контејнери – изјави градоначалникот Коце Трајановски.

Последниот систем за подземно собирање на смет денеска го доби населбата Триангла во општина Гази Баба. Наместо во досегашните три од по еден метар кубен, на овој начин сметот ќе се депонира во три контејнери од по три кубни метри.

-Самите граѓани се навикнаа на овој нов систем за складирање односно собирање на сметот и да најавам дека го потпишавме договорот за уште една фаза заеднички да реализираме уште на три нови локации вакви подземни системи заедно со градот скопје и ЈП „Комунална хигиена“, вели Тони Трајковски, Градоначалник на општина Гази Баба.

Подземниот систем за сместување контејнери чини над 6,5 милиони денари. По една третина од парите ги обезбедуваат градот Скопје, Јавното „Комунална хигиена“ и општината во која се поставува.