Скопје дел од глобалниот видеоспот за Часот на планетата Земја
Во пресрет на најголемата светска еколошка акција Часот на планетата Земја, денеска тимот на ова движење официјално го промовираше глобалното видео од светската маркетинг кампања во кое се појавува и инсерт од Скопје.
Часот на планетата Земја, кој ќе се одржи на 24 март во 20:30 часот, претставува најголемата светска еколошка акција, која има за цел преку симболично исклучување на осветлувањето во период од еден час да испрати силна порака за спас на планетата.
Рекламниот спот денеска се промовира на глобално ниво под слоганот „Поврзи се со планетата“, кое е годинашното мото на светската еколошка акција Часот на планетата Земја, акција на Светскиот фонд за природа WWF.
- Ме радува тоа што WWF и глобалниот тим на Часот на планетата Земја уште еднаш го препознаа трудот кој го вложуваме за оваа акција во Македонија и го поставија Скопје во спотот кој се користи за промоција на овој светски еколошки бренд низ целиот свет. Сметам дека освен што пренесуваме силна порака за спас на планетата, оваа акција претставува и одлична можност за промоција на нашата земја, изјави Ѓорги Селков од канцеларијата на Часот на планетата Земја во Македонија.
Ново на Сител
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба
-
Во март пониски увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи
-
Камионџија од Украина пронајден починат на Табановце