Македонија
27. November 2019 - 16:48

Скопјанка побара помош од полицијата, пријател на сопругот ги нападнал неа и малолетната ќерка

Ноќеска во 02.00 часот во СВР Скопје, Х.И.(31) од Скопје пријавила  дека на 26.11.2019 околу 23.00 часот во нејзиниот дом дошол Љ.К.(29) од Скопје (пријател на нејзиниот сопруг) и се обидел да ја повреди неа и нејзината малолетна ќерка.

Љ.К. бил приведен во Полициската станица Гази Баба и по целосно документирње на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.