-->
-->
Скопјанка измамена за 45.000 денари - ја излажале дека ќерка ѝ предизвикала сообраќајка
-->
На 25.12.2024 во 17.00 часот во СВР Скопје, 65-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 45.000 денари. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа со смртни последици и дека е потребно да плати за да ја ослободат, соопшти МВР.
Потоа таа ги оставила парите на местото каде што ѝ кажало лицето, односно во корпа во парк Жена Борец, а подоцна сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Независните кандидати не се закана за поголемите партии
-
Спасени 28 давеници во Охридското Езеро
-
Државата започна со откуп на пченица за стоковите резерви
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинението за пожарот во „Пулс“ чека оценка од судот
-
Трамп го прими Зеленски во Белата куќа
-
Тема на денот со ново избраниот декан на ФИНКИ, Петре Ламески
-
Партиски обвинувања за Еразмус+