Скопјанка изгризана од улично куче додека шетала со своето бебе во Карпош
Скопјанка на Фејсбук го сподели своето непријатно искуство со напад од улично куче на пешачка патека во скопски Карпош. Таа била на прошетка со своето бебе, а завршила со модринки и рани на стомак за само неколку секунди.
- Гриз од куче скитник… Булевар 8 септември, среда 04.09…21:15-20
На прошетка со бебето неполни 40 дена, на стаза наменета за пешаци, каде што ПРИТОА нема никакво осветлување.
Гледам слика пред мене од затрчано куче и се запрашивам дали оди накај мене или према нешто друго. Ни 2 ни 3, во секунда се фрла на мене, ме каса по стомак и ме бутка на земја. Паѓам. Како што паѓам паѓа и количката во која се наоѓа син ми, паѓа од количка СРЕЌА на мека исушена трева, лазам по тревата да го фатам за да не го повреди, го зимам во раце и СРЕЌА некако ништо не му се беше случило. Две девојки позади мене ми ги слушнаа врисоците и де стрчаа да ми помогнат…
И до кога вака со кучињава пуштени како во дивина а во главен град, без никакви сериозни мерки?
Скраја да е! - сподели таа на својто фејсбук профил каде ги повика надлежните да го решат овој проблем.
Ново на Сител
-
„Независни заедно“ ја промовираа Билјана Ивановска како кандидат за градоначалничка на општината Центар
-
СУТКОЗ ќе му поднесе кривична пријава на директорот на Паркови и зеленило оти не им дава плати на вработените во Флораком и Луна
-
Од 15 август стартува „училишната кошничка“
-
Преглед на вестите од светот
-
Уставен ќе ја оценува уставноста на протоколот со Бугарија - Поповска очекува да биде прогласен за ништовен
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Мицкоски: 24 години по Рамковниот - Заедно сме посилни
-
Што е постигнато со Рамковниот договор на економски план?