Скопјани бесплатно ќе можат да го одлагаат кабастиот отпад
- Скопјани да ги почитуваат термините за одлагање отпад. Комуналниот отпад само да го одлагаат во садовите со таа намена, а кабастиот отпад (застарен мебел, електронски и електричен отпад) со сопствен превоз бесплатно од денеска ќе можат да го одлагаат во Центрите за селекција на отпад во Карпош и во Вардариште или во Претоварната станица која се наоѓа во Шуто Оризари.
Ова денеска го соопшти директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Абдусамед Шабани. Потсети дека согласно Законот за јавна чистота е забрането одлагање кабаст отпад и градежен шут во садовите за отпад што се наменети за комунален отпад и фрлање на јавните површини. За секое прекршување на овој Закон се предвидени санкции што ги спроведуваат инспекциските служби при Град Скопје и општините.
Центрите за селекција и претоварната станица ќе работат во текот на целиот ден, од седум до 19 часот. Доколку има потреба да се изврши со специјалните возила на претпријатието, граѓаните услугата можат да ја побараат на бесплатната телефонска линија на „Комунална хигиена“ 0800 22233.
Шабани истакна дека согласно капацитетите и ресурсите со кои располагаат, според нивната програма за работа, предвидено е да се чисти шест пати во неделата, но тие сепак седум дена во неделата вршат чистење и празнење на садовите за отпад.
Раководителот на Инспекторат на Град Скопје Мирослав Богдановски информира дека се во координација со општинските инспекторати и оти ќе ги зголемат контролите во однос на отпадот што се создава во градот.
- Во координација сме со еко-патролата на „Комунална хигиена“ каде ни се предочени сите „црни точки“. Во наредниот период инспекторите ќе имаат на располагање и два дрона и секојдневно ќе се снима состојбата на терен. Обезбедуваме простор за граѓаните каде може да го одложат отпадот и апелираме секои воочени нерегуларности да бидат пријавени во Градскиот инспекторат, рече Богдановски. Додаде дека има 60-тина инспектори по разни инспекторати, а десет комунални инспектори.
На новинарско прашање за отпадот во кругот на Клинички центар, Шабани изјави дека досега имале заеднички акции со другите претпријатија и оти чистеле таму, иако не е нивна обврска.
- Мора да се најде решение за Клинички центар. Во интерес на граѓаните на Скопје и на пациентите ние неколку пати самоволно чистевме, со помош на другите јавните претпријатија. Таму треба да се чисти секој ден. Тие треба да го најдат решението, рече Шабани. Додаде дека Клинички центар на „Комунална хигиена“ и должи над 30 милиони денари.
Ново на Сител
-

Иран ги обвини САД дека не ги исполниле своите обврски по израелскиот напад во Либан
-

Трамп ги повика Израел и Хезболах да престанат со напади „за да не ги расипат“ напорите за мир во регионот
-

Пожар помеѓу штипските села Долани и Љуботен, едно лице повредено
-

Полицијата приведе возач од Батинци, управувал возило со 244 километри на час, двојно поголема брзина од дозволеното
-

Мицкоски: Нема мигранти, но ќе има брза пруга, се потврди дека СДСМ кажува невистини
-

Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни
-

СП 2026: Стартни победи на Австралија и Шкотска, по бод за Бразил и Мароко
-

„Центарска симфонија“ синоќа во организација на Општина Центар
