Скопјанец загуби 173.000 евра само поради еден гол
Скопјанец кој реши да одигра новогодишно ливче и на кое уплати 300 денари, за само еден гол не доби неверојатни 10.646.170 денари или 173.000 евра!, објави порталот sport1.mk
-Нашиот јунак одигра шест натпревари, пишани на три различни тикети. Две ливчиња се со уплата од по 125 денари и едно со „пеесче“. Чудо е што сѐ погоди момчето кое тикетот го уплати на 1 јануари, обложувајќи се на натпревари од понделдникот, вторникот и денеска. „Падна“ веќе во понеделникот и тоа за само еден погодок. Кој требаше да биде постигнат на мечот Евертон – Манчестер јунајтед, дуел каде што типувал дека ќе заврши реми на полувреме и „двојка“ на крај, а притоа ќе има три гола на мечот. Четата на Мурињо победи со 2-0, чисто за инфрмација, стои во информацијата.
Преостанатите погодени парови се:
Барнли – Ливерпул (одиграно икс во два) – мечот заврши 1-2 (полувреме 0-0)
Лестер – Хадерасфилд (одиграно икс во кец) – мечот заврши 3-0 (полувреме 0-0)
Торонто – Милвоки (одиграно нерешено во регуларен период) – мечот заврши 114-114
Чикаго – Портланд (одиграно нерешено во регуларен период) – мечот заврши 112-112
Арсенал – Челси (одиграно нерешено) – мечот заврши вечерва 2-2
Ново на Сител
-
ДИК: Обработени 27,34% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 87.037 - СДСМ 29.671
-
ДИК: Обработени 32,18% од гласовите - Силјановска Давкова 148.568, Пендаровски 71.906
-
МВР: Можеби најмирните избори досега од безбедносен аспект
-
ДИК: Обработени 20,25% од гласовите - Силјановска Давкова 88.209, Пендаровски 42.923
-
ВМРО-ДПМНЕ: Обработени 8% од гласовите - Силјановска Давкова 86.688, Пендаровски 34.450
-
Јанкуловска: За прв пат во историјата Македонија доби жена за Претседател!
-
ВМРО-ДПМНЕ: Обработени 9,61% од гласовите, ВМРО-ДПМНЕ 20.713 - СДСМ 5.857
-
Силјановска Давкова победник кај гласачите од дијаспората