Македонија
26. August 2024 - 15:58

Скопјанец пронајден починат на Бит Пазар

На 25.08.2024 во 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред станбена зграда на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат И.Ф.(66) од Скопје, соопшти МВР.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.