Скопјанец приведен кај Смоквица при обид да превезе 13 Пакистанци
Триесет и шестгодишен скопјанец, кој се бара за издржување затворска казна, синоќа е приведен од полицијата на автопатот кај Смоквица при обид да превезе со своето возило 13 Пакистанци.
Од МВР информираат дека на автопатот кај село Смоквица вчера во 04:00 часот полициски службеници се обиделе да запрат патничко возило „Фолксваген“ со швајцарски национални ознаки. Возилото не застанало туку продолжило со движење по автопатот од Гевгелија кон Скопје. После клучката за село Миравци возилото било пронајдено, а возачот побегнал. Во возилото биле пронајдени 13 лица-мигранти, сите од Пакистан.
При пребарување на теренот возачот бил пронајден и било утврдено дека се работи за лицето Ф.И. (36) од Скопје.
Возачот заедно со мигрантите бил однесени во Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор Богородица. Бидејќи Ф.И. се барал за издржување на казна затвор, тој ќе биде спроведен до Казнено поправната установа „Идризово“, велат од полицијата.
Ново на Сител
-
Продлжува комисисиската расправа за Предлог - буџетот за 2025 година
-
Трамп може да ја преиспита одлуката за нападите со ATACMS на руска територија, тврди извор од тимот за транзиција
-
Заедничка седница на владите на Македонија и на Косово во Приштина
-
Руска пратеничка: Бајден ризикува трета светска војна
-
Тајмс: Американски ракети со долг дострел најверојатно ќе се користат во борбите во Курск
-
Студено со појава на магла наутро, преку денот сончево со мала до умерена облачност
-
Сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози
-
Бајден и дозволил на Украина да користи американско оружје за напади во внатрешноста на Русија