Скопјанец осомничен за разбојничка кражба од угостителски објект
Скопското обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Разбојничка кражба, информираат од ОЈО Скопје.
– Осомничениот 36-годишник, на 29 јули, затечен во кражба во угостителски објект на улица „Славе Георгиевски – Шнајдер“, употребил сила и нападнал врз телото на двајца оштетени – татко и ќерка. Тој преку прозорецот влегол во угостителскиот објект и одзел три телевизори во вкупна вредност од 100.000 денари. Но, притоа бил затекнат од оштетениот и неговата ќерка, кои се обиделе да повикаат полиција, појаснуваат од ОЈО Скопје.
Во тој момент, како што информираат од обвинителство осомничениот ја удрил оштетената со тупаница во пределот на главата, ја турнал и се обидел да го удри нејзиниот татко, кој го одбил ударот со рака.
– Пријавениот се обидел да избега од местото на настанот со својот мотор со приколка, но оштетениот и еден случаен минувач успеале да го задржат. За тоа време, оштетената настанот го пријавила во блиската полициска станица, по што полициски службеници го лишиле од слобода осомниченото лице, информираат од Обвинителство.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради опасност од бегство и можност да го повтори делото.
Ново на Сител
-

Приведен 21 возач поради безобѕирност
-

Земјотрес од 3,3 степени почувствуван во Македонија
-

Вучиќ, во пресрет на неговата оставка, најави помилувања и аболиции
-

Кривична пријава за две лица кои измамиле 88-годишник и му одзеле 300.000 денари
-

Скопјанец ја нападнал својата сопруга во Полициското одделение Шуто Оризари по што бил лишен од слобода
-

Приведени повеќе млади лица по нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка
-

Пронајден човечки леш во околина на јавната здравствена установа во Бардовци
-

Сем Алтман и Дарио Амодеј повикани на сослушување за вештачката интелигенција во австралискиот Сенат
