Скопјанец ја тепал партнерката додека пријател му давал упатства
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 46-годишен скопјанец за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, како и против едно 34-годишно лице за кое во текот на претходната постапка беа обезбедени докази дека со умисла му помагало на првиот обвинет да го стори семејното насилство.
На 29 мај, во својот дом на улицата „Партение Зографски“, обвинетиот тешко телесно ја повредил својата вонбрачна партнерка, така што без особен повод и причина, физички ја нападнал и почнал да ја удира со шлаканици во пределот на лицето и главата и со клоци во пределот на екстремитетите, во пределот на бедрата и кај градниот кош под градите.
Вториот обвинет во тоа време бил присутен во домот на обвинетиот, но не презел ништо да ја заштити жртвата, туку напротив му давал совети и упатства како да го изврши кривичното дело. Во домот била присутна и мајката на првообвинетиот, која се обидела да ја одбрани жената од физичкиот напад, но вториот обвинет ја запрел, обраќајќи ѝ се со зборовите “остани настрана, сами нека го решат проблемот тоа е нивнa личнa работа”. Дополнително, второобвинетиот во моментите на физичкиот напад го бодрел сторителот со зборовите “ако треба заедно со мене ќе ја издржиме казната”.
Од многубројните удари, оштетената се здобила со тешки телесни повреди набиеници, подливи и мултифрагментарна скршеница на носните коски.
За првообвинетиот, за кого претходно беше определена мерка притвор, јавниот обвинител му предложи на Основниот кривичен суд Скопје да ја продолжи притворската мерка. Предлог за определување мерка притвор беше поднесен и за вториот обвинет, но Судот не го прифати предлогот на обвинителот и не определи мерки, па по приемот на решението надлежниот јавен обвинител ќе вложи жалба на ваквата судска одлука.
Ново на Сител
-
На ГП „Џепиште“ кај Дебар за шест месеци минале 22.919 патници, најголема бројка досега
-
Се испитуваат причините за пожарот во Визбегово, побаран притвор за две лица кои нападнаа новинарска екипа
-
Андоновски - Агелер: Поддршка од САД за дигитална трансформација на Македонија
-
ЦУК: Вчера евидентирани рекордни 4.199 повици на бројот 112, најмногу за пожарна и за полиција
-
Телото пронајдено во близина на пожар во кривопаланечко предадено на обдукција
-
Приведен возач од Пробиштип, возел под дејство на алкохол
-
Полицијата во период од шест часа казни 232 возачи на мотоцикли на територија на цела држава
-
Јовева: ЕП ги признава македонскиот идентитет и јазик, тие не можат да се земат ни со лобирање, ни со гласање