-->
-->
Скок на Ѓорческа за 15 места
-->

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа по успешниот настап претходната недела на фјучрсот во Анталија кога победи во двете конкуренции очекувано направи скок на ВТА листата.
Таа во поединечна конкуренција се проби на 338 место што претставува скок од 15 позиции. Ѓорческа сега има 115 поени, а во новото рангирање и се запишани 10 нови поени.
Во конкуренција на двојки со 12-те поени само ги одбрани од лани во истиот период и со тоа остана на 225 поени и има пад од едно место и сега се наоѓа на 267.место на листата во конкуренција на двојки.
Резултатите од фјучрсот од оваа недела од Анталија кога беше финалистка во сингл конкуренција и победи во двојки ќе бидат рангирани на следната промена на ВТА листата на 23 ноември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

140-тина повредени во “Пулс” добиваат континуирана медицинска поддршка
-

Во спомен на загинатите во Кочани
-

Утре ќе се објават новите цени на горивата, се стравува од подгревање на инфлацијата
-

Војната на Блискиот Исток не се смирува
-

СДСМ обвинува за енергетска мрежа поврзана со Мицкоски и регионални компании
-

Трипуновски најави нова кампања - ќе одат директно кај земјоделците
-

Жените се повеќе се охрабруваат да го пријават насилството
-

Се затрупува крушевската депонија за да се спречи нејзино запалување и пожар на околната шума
