Скок на цените на природниот гас на европските берзи

Цените на природниот гас во Европа денеска нагло пораснаа откако Иран ја повлече својата одлука за повторно отворање на Ормуската Теснина.
На берзата во Амстердам договорната цена на природниот гас за испораките за еден месец порасна за речиси шест проценти и достигна 41,02 евра (48,26 долари) за мегават-час.
Иран во текот на викендот ја повлече претходната најава за повторно отворање на Ормуската Теснина и ги засили воените активности насочени кон контрола на пловидбата во областа.
Тензиите дополнително се зголемија поради поморска блокада на САД во теснината. Во текот на вчерашниот ден морнарицата на САД нападна и заплени ирански товарен брод, потег што иранската армија го нарече „воено пиратство“, најавувајќи соодветен одговор.
Воените случувања и евентуалното затворање на клучната трговска рута за енергетскиот извоз од Заливот придонесоа за нагло покачување на цените на природниот гас, кој во март достигна цена и 74 евра за мегават-час.
Пред почетокот на конфликтот, цените на гасот изнесуваа околу 31 евро за мегават-час.
МИА
Ново на Сител
-

За обвинетиот Kрмзов предметот против него е конструкција, обвинителството најави цврсти докази
-

Минчев на министерска конференција од Берлинскиот процес
-

Лицата со ретки болести бараат континуитет во терапијата
-

Радев апсолутен победник на изборите во Бугарија
-

Муцунски: Честитки за Радев - очекуваме соработка
-

СДСМ: Се потешко се живее, а владата не презема ништо
-

ВМРО-ДМПНЕ: СДСМ работи за партии во други држави
-

Казахстанскиот министер за интеграции во посета на Македонија
