Спорт плус
23. November 2015 - 0:17

Ски скокови: Премиерата во новата сезона за Танде

Младиот Норвежанец, Даниел Андре Танде, направи големо изнендување со триумфот на првите индивидуални ски скокови во новата сезона, во Светскиот куп.
 
Танде во германскиот Клигентал дојде до првата победа во кариерата со вкупен скор од 268,7 бодови, до кои дојде со скоковите од 142 и 142,5 метри.
 
Новежанецот (21) до триумфот стигна пред Словенецот Петер Превц и бранителот на Кристалниот глобус, домашниот натпреварувач Зеверин Фројнд.
 
Превц имаше 3,1 бодови помалку од Танде, а Фројнд освои шест бодови помалку од Норвежанецот.