Македонија
5. December 2020 - 16:39

Ски центарот Ниже Поле почна со работа

Во очекување на првиот снег оваа зимска сезона, битолчани ја посетуваат Баба Планина за да прошетаат на чист воздух. Минатата зима, кога Битола беше во магла, Ниже Поле беше прибежиште за битолчани, но заради коронавирусот оваа година, велат дека ќе го избегнуваат метежот.

-Можеби не толку често, секој кој ќе дојде да ги запази протоколите заради безбедноста на сите. Еве денес рекреативно малку да украднеме од пелистерскиот воздух со семејството, да ги прошетаме децата.

-Не, не почесто. Ќе избегнуваме гужва, но ќе доаѓаме за рекреација, за бебето, за него, велат битолчани.

Владата на почетокот на месецот дозволи отворање на скијачките центри, со образложение дека не располагаат со затворени гондоли на жичарниците, но ќе треба да работат под посебни протоколи. Од ски-центарот Ниже Поле со кој стопанисува ЈП Стрежево од Битола, од денес почнаа со работа. Велат дека навреме ја почнаа подготовката на сезоната со сервис на двата ски-лифта, но и подготовка за примена на протоколите.

-Во иднина ќе имаме шалтерска продажба и прибор за еднократна употреба. Во наредниот период ќе ги почитуваме максимално протоколите, имаме доволен број извршители кои ќе извршуваат ред, за да се запази растојанието меѓу посетителите, а и нашата урбана опрема е поставен за помалку од 4 лица, вели Методија Граматковски, директор на ЈП Стрежево.

Се надеваат дека го очекуваат и снегот, но дека сите ќе му се радуваат со почитување на протоколите.