Македонија
4. October 2019 - 12:10

Скендер Бузаку поднесе кривична пријава во ОЈО за реисот Сулејман Реџепи

Скендер Бузаку поднесе кривична пријава во ОЈО за Реисот Сулејман Реџепи. Според документите кои ги доставил во обвинителството, Реџепи е пријавен за перење пари и ја злоупотребил службената положба и овластувања.
 
Бузаку тврди дека поглаварот на ИВЗ заработил 700 000 евра пари од верниците кои биле на аџилак во Саудиска Арабија. Според документот кој е приложен во ОЈО Реисот наместо 500 им земал по околу 800 евра на верниците.
 
Бузаку очекува ОЈО да постапи по пријавата и најави нови докази за криминал кои ќе ги поднесе во обвинителството.
 
Мирјана Давидовска