-->
-->
Скандал во кумановската гимназијa: Директорот си го покажувал половиот орган на Фејсбук!?
-->
На социјалните мрежи се шират фотографии на директор на една кумановска гимназија на кои тој наводно си го покажува половиот орган. Директорот во изјава за МКД.мк вели дека некој го пробил неговиот профил на Фејсбук и дека случајот веќе е пријавен во полиција.Во МВР засега немаат информации за овој случај.
Директорот на гимназијата изјавил дека го пријавил случајот во полиција и дека побарал да се најде сторителот. Тој се сомнева на едно лице, кое пред неколку дена му побарало пријателство на Фејсбук, по што добил заканувачки пораки придружени со фотографиите и закани и уценувања со пари.
„Се надевам дека полицијата има можности да го открие сторителот, кој во меѓувреме ги избришал сите пораки и фотографии. Полицијата едноставно мора да го открие и да го казни сторителот. Сепак, јас сум директор на гимназија, имам семејство, моето име сега се врти по социјалните мрежи…“, рекол директорот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пуштање во употреба на реконструираниот аеродром во Охрид, ќе присуствуваат премиерот Мицкоски и вицепремиерот Николоски
-

Македонија одбележува 35 години независност
-

Топло со југоисточен ветер, од утре попладне наместа дожд
-

Стан во Белград продаден за вртоглави 2,6 милиони евра, за еден квадрат платени 12.000 евра
-

Мерц: ЦДУ е потресена до срж од победата на АфД
-

Русија го затвора германскиот конзулат во Санкт Петербург
-

Србија на чекор до избори; Студентите со порака до Вучиќ - Претседателе, конечно си надлежен
-

Министерот за надворешни работи на БиХ го повлекува персоналот од амбасадата во Белград, најави намалување на односите со Србија на минимум
