Скандал: Студентка заврши во затвор поради препишување на испит
Руби Реј е 17-годишна студентска од Индија која е испратена во затвор поради мамење на испит.
Како што се наведува таа била најдобар студент во индиската сојузна држава Бихар, но во видео интервју рекла нешто што предизвика сомнеж во нејзиното знаење. Тоа видео стана вирално, и морала повторно да го полага истиот испит и е уапсена откако паднала. Одвен тоа резултатите од претходното полагање се поништени.
Пред судот е изведена во неделата и осудена на затвор до 8 јули.
БиБиСи пошува дека таа одлука наишла на бројни критики, зошто таа била малолетна и притоа требало да биде испратена во дом за малолетници.
Листот „Хинду“ го цитираше Ману Махараџа од полицијата кој вели дека Руби Реј мора да докаже дека е малолетна, но не објаснил како.
Во меѓувреме, издадени се налози и за неколку други студенти кои добро се покажале на испитите. На пример, меѓу нив бил и Саураб Шреста која била најдобра од хемија, а не знаела дека H2O е вода.
Агенциите јавуваат дека се уапсени уште 18 лица.
Погледнете го видеото:
Луѓето кои ја испитувале Руби Реј биле шокирани од тоа што го покажала. Побарале да напише есеј за индискиот поет Тулсидас, а таа само напишала „пофалби за Тулсидас“.
Би Би Си истакнува дека минатата година родителите на ученици во таа држава се фотографирани како се качуваат по ѕидовите од училиштето за да им одговорат некои од испитните прашања на своите деца.
Ново на Сител
-
Арсовска нема да се кандидира за нов мандат на претстојните локални избори
-
Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава
-
До петок стабилно, потоа облачно со повремени врнежи од дожд
-
СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот
-
Средба Сиљановска-Филипче во Вила Водно
-
Србин постави чадори за своите сограѓани, како гест на љубезност | ВИДЕО
-
Стареењето некогаш се случува забрзано
-
Јужнокореец условно осуден на затвор, намерно се здебелил за да избегне служење војска