Свет
31. January 2019 - 14:00

Скандал: Полска извезла 2,7 тони говедско месо во земјите од ЕУ - кравите биле болни, а завршија на трпезите во овие земји

Полска извезла 2.700 килограми соминително говедско во земјите на Европската унија, изјави денеска шефот на полската ветеринарна служба, откако во јавноста се појави телевизиска снимка која покажаува како работници од една компанија убиваат болни крави, а потоа тоа месо го испраќаат на продажба.

Директорот на полската ветеринарна служба Павел Њимчук на конференцијата за новинари рече дека соминтелното месо е извезено во Романија, Шведска, Унгарија, Естонија, Финска, Франција, Шпанија, Литванија, Португалија и Словачка.

Полска произведува околу 560.000 тони говедско месо годишно, од кое околу 80-85 отсто го извезува.