Скаменето нуклеарно гориво откриено под АЕЦ „Фукушима“

Специјален подводен робот открил растурено и скаменето нуклеарно гориво, под нуклеарната централа „Фукушима„ во Јапонија, соопшти компанијата ТЕПКО, која стопанисува со нуклеарката.
Експертите веруваат дека станува збор за први слики од растурено нуклеарно гориво, што досега воопшто се направени, што било наталожено во внатрешноста на оваа оштетена нуклеарна централа.
Големото количество стврднат материјал, налик на стврдната вулканска лава, како и наслаги од грутки скаменето нуклеарно гориво, се пронајдени под дното на третиот реактор.
Компанијата „Токио електрични централи“ (ТЕПКО), сопственникот на „Фукушима“ соопшти дека овие откритија сега ќе бидат цел на претстојна обемна работа за расчистување.
Оваа јапонска нуклеарка беше погодена од силен цунами, што го зафати тој дел од јапонските северни острови, по силниот земјотрес во 2011 година.
Тоа беше најголемиот и најопасниот нуклеарен инцидент по несреќата што ја погоди советската нуклеарна централа во Чернобил, денеска во Украина, во средината на осумдесетите години на 20 век.
Повеке од 200 илјада луѓе беа принудени да се иселат од пошироката околина на централата, поради страв од нуклеарна контаминација, откако сите три нуклеарни реактори беа поплавени.
Делови од оштетениот трет реактор, се уште се високо контаминирани со радиоактивност, па работите на расчистувањето и натаму се извршуваат само со помош на роботи.
Ново на Сител
-

СПМ: На 123 годишнината од погибијата во спомен на Гоце Делчев - Социјалистот и Апостолот на македонската слобода
-

Иранската армија ги предупреди САД да не влегуваат во Ормуската Теснина
-

Фон дер Лајен: Европа мора да стане понезависна во енергетиката, одбраната и снабдувањето
-

Руте: Европа ја разбра пораката на Трамп за воените бази
-

Македонската фолклорна група „Илинден“ од Торонто освои прва награда на меѓународен фестивал во Краков
-

ЈП „Водовод и канализација“: Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Тотенхем со нова победа се поблиску до опстанок во Премиер лигата
-

Детроит и Кливленд по мајсторките ја минаа првата рунда од плеј офот во НБА лигата
