-->
-->
Скај спорт: Русија ќе настапи во Рио?!
-->

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) нема да ја суспендира Русија од ОИ во Рио де Жанеиро. МОК, како што пренесува Sky Sports, ќе ги казни одговорните функционери, кои се споменуваат во извештајот на Светската антидопинг агенција (WADA), а кои се одговорни за системскиот допинг во Русија.
Првиот човек на МОК, Томас Бах, по презентирањето на извештајот на WADA најави ригорозни казни за одоговорните, што многумина го прокоментираа како вовед во исфрлање на Русија од Олимписките игри.
Комисијата на WADA, во понеделникот, ја обвини Русија за лажирање на допинг тестовите направени за време на Олимписките игри во Сочи во 2014 година.
Веднаш реагираше и рускиот претседател Владимир Путин, кој рекол дека во прашање е опасно мешање на политиката и спортот и дека доказите се последица на сведочењето на Григориј Радченков, кого го нарече „човек со скандалозна репутација“.
Радченков е поранешен шеф на антидопинг лабораторијата на Русија, кој живее во Лос Анџелес, а против кого уште во 2012 година во Москва е покрената кривична постапка поради кршење на антидопинг правилата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сточарите со загуби, 450 илјади вакцини на пат
-

Голем интерес за викенд куќи под Беласица, Ново Село од 13 парцели инкасираше 5,7 милиони денари
-

Наскоро се очекува да профункционира домот за стари лица во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
