СЈО: Замрзнат имот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ
По барање на ова Јавно обвинителство, судија на претходна постапка на Основен суд Скопје 1 донесе решение со кое е изречена привремена мерка за обезбедување на имот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, соопшти Специјалното јавно обвинителство.
Со мерката се замрзнати вкупно 69 недвижнини, меѓу кои и објектот во кој се наоѓа седиштето на партијата.
– Со оваа мерка се забранува отуѓување на конкретниот имот како и давање под закуп на истиот. Дејствијата се превземени во рамки на предметот „Талир“, со оглед на тоа што постои веројатност истиот имот да биде отуѓен до завршување на постапката, велат од СЈО.
Истрагата за „Талир“ се однесува на незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ од 2009 до крајот на 2015 година, а постои сомнеж за злоупотребени 4,9 милиони евра.
Во истрагата осомничени се 14 лица, а меѓу нив е и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Дел од истрагата е и изградба на главното седиште на партијата во Скопје од страна на градежната фирма Бетон.
Ново на Сител
-
Новите кадровски решенија на Владата на дневен ред на собраниска седница во понеделник
-
Побаран вонреден инспекциски надзор во врска со смртта на тригодишното детенце од Кавадарци
-
Париз домаќин на преговорите за трговија меѓу САД и ЕУ
-
Министерот Мисајловски во Брисел на состанок на министри за одбрана на НАТО
-
Родителите на момчето од Кавадарци кое почина на пат кон скопските клиники бараат испитување на лекарска грешка
-
Зеленски предлага прекин на огнот додека не се сретне со Путин
-
Без вода утре неколку улици во Карпош
-
Супербогатите станаа уште побогати во 2024 година поради концентрацијата на капиталот