СЈО: УБК презеде одговорност за обезбедување на системите
Специјалното јавно обвинителство (СЈО) попладнево на својата фејсбук страница објави соопштение во врска со вчерашните случувања во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).
- Од наша страна, откако беа прибавени поголем дел од податоците, со цел целосно спроведување на судската наредба, во текот на вчерашниот ден беше побарано од Директорот на УБК да дозволи физичко присуство на истражители од ова Јавно обвинителство во просториите на Управата се до доаѓањето на надворешниот експерт кој би асистирал при спроведување на судската наредба, наведува СЈО.
Ваквото наше барање, додава СЈО, не било прифатено, за што денес добивме и писмен допис од Директорот на УБК.
- Со овој допис бевме известени дека Управата како институција овозможува гаранција дека опремата и системите кои се предмет на наредбата во целост се обезбедени согласно прописите за класифицирани информации и дека барањето не е прифатено и поради почитување на принципите на тајност на функционирање на Управата, вклучувајќи ја и конспиративноста на идентитетот на припадниците на Управата. Предвид наведеното одговорноста за обезбедување на опремата и системите, до пристигнувањето на надворешниот експерт, во целост е на товар на Управата за безбедност и контраразузнавање, стои во информацијата од Специјалното јавно обвинителство.
Според СЈО, компјутерските податоци кои треба да се одземат ќе овозможат утврдување дали се вршени манипулации со системите или се бришени одредени податоци.
- Воедно ги имаме предвид и гаранциите на министерот за внатрешни работи, кој во текот на вчерашната вечер, а и за периодот што следува, се до доаѓањето на надворешниот експерт, презеде дополнителни мерки за обезбедување на кругот на Министерството за внатрешни работи, каде е лоцирана и Управата за безбедност и контраразузнавање, посочува СЈО.
Ново на Сител
-
Илон Маск: Не земам дрога
-
Протести на студентите во блокада во 34 градови во Србија
-
Премиерот Мицкоски во посета на Институтот за јавно здравје
-
„Вози право, вози здраво“, најмасовниот вело настан на скопските улици
-
Посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје поради трка со велосипеди, тротинети
-
Сончево и топло со мала до умерена облачност
-
Реал Мадрид е највредниот фудбалски клуб во светот
-
Вардар прв финалист во ракометниот Куп на Македонија