Македонија
16. November 2023 - 16:42

Сјарто: Бугарската блокада е страшна и одвратна

Страшна и одвратна е бугарската блокада на македонските евроинтеграции. Шефот на унгарската дипломатија во Скопје ги извади дипломатските ракавици и ја обвини Бугарија дека работи спротивно на интересите на Европската Унија

Унгарија заедно со Македонија е една од земјите на која Бугарија и воведе дополнителна такса на рускиот гас, потег кој Сјарто го нарече непријателски и за кој Унгарија веќе отворила постапка во Брисел. И Османи се согласи дека потегот на Бугарија е неприфатлив.

Иако Сјарто воопшто не ги спомна уставните измени, според Османи тоа е единственото нешто што и недостасува на Македонија во овој момент.

Но за уставни измени нема мнозинство па Османи не крие дека и во неговата партија полека фокусот се префрла на изборите за кои рече дека со СДСМ почнале консултации кои се надева дека ќе завршат со консензус.