Македонија
26. September 2017 - 8:50

СИЗ „Македонија сообраќај“ ќе го промовира симулаторот на камион „мерцедес“

СИЗ „Македонија сообраќај“ - АМЕРИТ денеска ќе го промовира симулаторот на камион „мерцедес“.

Од АМЕРИТ велат дека станува збор за единствен симулатор во регионот којшто ќе биде дел од Центарот за обука на возачи на СИЗ „Македонија сообраќај“.

На настанот најавено е присуство на раководителот на Центарот за обука Синани Хајдин.