Сивата економија јаде по десетина автопати годишно
Сивата економија годишно јаде по десетина автопати како тој Скопје – Штип. Истражувањето на Фајнанс тинк покажува дека во 2020 година неформалната економија во земјава изнесувала 23,2% од БДП или околу 2,5 милијарди евра.
Неефикасната администрација, корупцијата, селективноста во примената на законите се клучните фактори за високата сива економија. Препораката е да се креира систем во кој нема да биде исплатливо да се работи на црно.
Дополнителен проблем е тоа што ниту граѓаните не веруваат во системоти исто како и во земјите во регионот и во Македонија, даночниот морал е на многу ниско ниво.
Иако се уште е висока, според анализата, сивата економија се намалува и тоа од 31,6% во 2006 година на сегашните 23. Како клучни фактори за намалувањето се препознаваат воведувањето рамен данок во 2007 година, владините мерки во време на финансиската криза во 2009 година и носењето на Законот за минимална плата во 2012 година. Во ова истражување не е пресметан ефектот од последното зголемување на минималецот, но од ФТ предупредуваат дека побрзиот раст на минималната во однос на просечната плата може да ја зголеми сивата еконмомија.
-
Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Сите содржини од овој новинар