Бизнис
25. August 2024 - 16:39

Сива економија во туристичко угостителската дејност

И ова лето засилени инспекциски контроли во главниот туристички центар.Бизнис секторот е прв на удар се чешлаат угостителите,дуќанциите ,трговците и занаетчиите во градот.Најчестите затекнати неправилноста кај половината од нив се однесуваат за неиздавање фискални сметки и  неисправни фискални апарати ,еден дуќан пак покрај изречената глоба, доби и забрана за работа.

Се контролираат и оние физички лица кои решија оваа сезона да остварат некој приход од продажба на тезги нудејќи бижутерија,крофни,палачинки ,пченки,пуканки  а не се регистрирани.

Добрите поознавачи сметаат дека само со  засилени контроли на УЈП,инспекторите на пазарниот, трудовиот и санитарниот инспекторат и  заедничка координација може да дојде до сузбивање на сивата економија.