Ситуацијата е под контрола по нападот на џихадистите на Филипини
Џихадистите кои денеска зазедоа училиште во јужниот дел на Филипини и задржаа заложници, се повлекоа по престрелка со војниците, соопшти филипинската армија.
- Ситуацијата е смирена, тие се повлекоа, ги нема повеќе таму. Реонот на училиштето е повторно безбеден, изјави портпаролот на филипинската армија, бригадниот генерал Реституто Падиља.
Тој демантира дека џихадистите земале ученици како заложници, додавајќи дека се уште се истражува дали петмина цивили се уште се во рацете на џихидастите.
Генерал Падиља посочи дека нема настрадани лица при нападот.
Џихадисти поврзани со терористичката група Исламска држава (ИД) упаднаа во училиште во градот Пигчавајан во јужниот дел на Филипините. По интервенција на филипинските безбедносни сили дојде до престрелка со терористите.
Екстремистите од исламистичката група Мауте, која е поврзана со ИД, и претходно вршеа напади врз јавни објекти во областа.
Ново на Сител
-
Приведен штипјанец по пријава дека физички ја нападнал сопругата
-
Сиљановска-Давкова: Компромисите со меѓународното право и принципи можат да го компромитираат европскиот и светскиот мир
-
Декларацијата на самитот во Украина најверојатно нема да биде потпишана од сите учесници
-
Кулеба: Во нацрт-изјавата од самитот во Швајцарија беа земени предвид ставовите на Украина
-
Песков: Путин не ја исклучува можноста за преговори со Украина
-
САД уништи седум радари на територијата контролирана од Хутите
-
Ханије: Подготвени сме за сеопфатен договор, во согласност со планот на САД
-
ЦУК: Тешки бетонски блокови пред паѓање висат од тераса спроти Владата