-->
-->
Сити го држи чекорот со Ливерпул
-->
Aктуелниот англиски првак Манчестер сити ја продолжува битката за титулата со Ливерпул кој цврсто е на врвот на Премиер лигата, откако во единствениот понеделнички меч со 3:0 го совладаа тимот на Вулверхемптон благодарение на двата гола на Габриел Жесус.
Бразилецот, кој беше во слаба форма на стартот на сезоната, го отвори резултатот уште во 10. минута, за во 39. минута од пенал да зголеми на 2:0 по престрогиот црвен картон за Вили Боли. Конечните 3:0 за „граѓаните“ беа поставени во 78. минута и тоа преку автоголот на Конор Коуди.
Со победата, Сити се врати на -4 поени од лидерот Ливерпул (53-57), додека „волците“ остануваат 11. со 29 поени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Волците во Европа преминуваат од „строго заштитени“ во „заштитени“ животни
-
Фетел: Шумахер е најголемиот возач во историјата на Формула 1
-
Студенти од ФИНКИ ќе му помагаат на МОН во унапредување на дигиталното работење
-
Зеленски: Украина сака мир
-
Додик повикан на распит во Обвинителството на БиХ за поткопување на уставниот поредок
-
Туск: Вистинското лидерство значи почитување на партнерите и сојузниците
-
Поевтинуваат горивата
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Пендаровски се свртеа против САД