Сител дознава: ЈСП остана без нафта, автобусите се враќаат во гаражите
ЈСП повторно остана без нафта. Најголемиот дел од автобусите веќе се паркирани во гаражите, а останатите ќе снемаат гориво за два до три часа.
Информацијата за Сител ја потврдија Синдикатот на вработените во ЈСП Скопје и Независниот синдикат на возачи.
Миќо Стојановски од синдикатот на вработените во ЈСП откри дека синоќа автобусите се повлекле порано од своите линии со цел да заштедат гориво повеќе за денеска да можат да возат барем една смена.
Стојановски вели дека од пред неколку дена ЈСП нема ниту директор. Договорот на Драги Кушовски бил истечен и тој веќе не доаѓал на работа. А нов директор нема.
Сител се обиде да контактира со Кушовски, но тој не одговори на телефонските повици.
Испративме и прашања до Градот Скопје, од каде очекуваме одговори.
Ново на Сител
-
Независните советници во општинските совети поднесоа амандмани на Законот за измена на локална самоуправа
-
Советот во Кочани не ги прифати договорите со Струмица и Карпош
-
Кулакови организираа протест по пресудата за смртта на Фросина
-
Тема на денот со Јасна Бачовска Недиќ, професорка на Правниот факултет
-
Врховен ја укина казната од 3 год. и 10 месеци затвор за Васил, апелација не го викнал на судењето
-
Имаат ли соодветен рехабилитациски третман сите повредени од трагедијата во Кочани?
-
Предлог-Законот на СДСМ за помош на настраданите во Кочани не доби поддршка
-
Мицкоски следната недела ќе ги пополнува местата на Алијанса