СИТЕЛ дел од турнирот на медиумите

Во организација на „Спортско радио 90.3“ од утре до недела во СЦ „Јане Сандански“ ќе се одржи традиционалниот турнир за медиуми во мал фудбал. Учество ќе земат 12 екипи кои се поделени во четири групи.
Екипата на СИТЕЛ оваа година е во група В со екипите на АЛФА и Македонско радио. Првиот натпревар го игра во петок против екипата на АЛФА со почеток во 22:20часот, а слениот ден на отворањето на саботната програма е дуелот со Македонското радио со почеток во 12 часот.
Во А групата играат Спортско радио 90.3, МИА и Нова Македонија.
Во Б-групата се МПМ, МРТ 2 и РТВ Велес.
Трите екипи во Г-групата се: ТВ Алсат М, МРТ 1 и ТВ Шења.
Во групите ќе играат секој со секого, а во следната фаза одат двете првопласирани екипи.
Покрај натпреварите меѓу новинарите, на турнирот ќе се одржат и голем дел ревијални средби меѓу кои новинарки против пејачки.
На денешната прес-конференција во пресрет на турнирот директорот на Спортско радио 90.3 ги повика сите учесници на дружење и забава.
- Ова ќе биде добра можност медиумските работници да остварат средба и да се дружат оттргнувајќи се барем за момент од секојдневните професионални обврски. На неофицијалниот дел ќе бидат вклучени и компаниите кои не поддржуваат, дечиња од училиштата во општина Аеродром, многу јавни личности од естрадата, па очекуваме убава забава и дружење, рече Тони Митев.
Влезот сите четири дена на турнирот ќе биде слободен.
Ново на Сител
-

Ирак прогласи тридневна жалост поради смртта на Хамнеи
-

ИДФ соопштија дека Хамнеи е убиен во „прецизна, обемна“ израелска операција
-

Убиени началникот на Генералштабот на вооружените сили на Иран и главниот командант на ИРЦГ
-

Иран го нападна аеродромот во Дубаи | ВИДЕО
-

Од денеска до 5 март пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк
-

Од денеска побезбедни онлајн купувања со платежни картички
-

Ирански ИРГЦ извести за одмазднички напади врз базите на САД и Израел
-

Тричлен совет ќе го води Иран во текот на транзицискиот период по смртта на Хамнеи
