Loading Video...
Ракомет
18. January 2023 - 20:25

Сите знаат ракомет ама малкумина знаат да создадат врвен ракометар

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров е врвен спортист, ракометар од светски калибар и најважно како таков голем Македонец како вечна легенда. 

Нашите ракометари одиграа неочекувано слабо на СП во Краков, не разочараа сите но најмногу ракометните работници пред се оние кои со денови се во спортските сали и работат со младите категории и продуцираат нови сили. 
Сепак анализирајќи го ракометниот мундијал во Краков и претходните барем 15 години во кои учествуваме на големите натпреварувања се забележува еден важен момент кој мислам дека се обидува Лазаров да и го предочи на јавноста- Во македонските ракометни школи и клубови не се креираат врвни ракометари туку само играчи како бројка и затоа очигледно нема наследници на Кире, Борко, Жути, Манасков....
Без соодветен скаутинг кој ќе селектира потенцијални ракометари со соодветни физички предиспозиции уште од школските клупи Македонија ќе нема врвни ракометари за солиден состав на националниот тим. СЕкоја чест на младите кои настапија во Краков но очигледно многумина од нив не ги исполнуваат најосновните физички предиспозиции да се носат со робусните дефанзивци на силните светски репрезентации...Токму и затоа наши ракометари нема веќе во силните европски лиги дури и во силните македонски тимови играат само странски играчи, сетете се на Вардар или пак сега кон Еурофарм Пелистер.  Очигледно е дека на ракометната мапа во Македонија недостасува здивот на Металург во чии редови се калеше костурот на играчи кои го носеа теретот во националниот тим. 
Затоа е потребно да се престане со кавгите, критиките или надмудрувањата. На потег е РФМ кој треба евентуално да формира стручно тело кое ќе разговара на оваа тема за да во брзо време се профилира тим на македонски ракометар кој ќе ги исполнува сите критериуми по кои ќе се профилира врвен играч, вака само ќе тапкаме во место.