„Сите заедно за безбедно лето“ проект на СВР Куманвоо за безбедно лето на младите
Младите да го поминат летото во пријатна атмосфера во дружба и пријателство, а не со ризици по безбедноста.
Ова порака денеска ја упати СВР Куманово на презентацијата на проектот „Сите заедно за безбедно лето “ кој ќе го спроведува полицијата во Куманово во текот на летниот период.
Манифестацијата која што е дел од проектот „Безбедни училишта“ е со цел да се посочи дека на младите треба да им се посвети повеќе внимание и љубов, особено во летниот период кога децата се на распуст, а родителите на работа.
-Во пресрет на летниот распуст кога учениците имаат повеќе слободно време преку учесниците во денешната активност наречена „Сите заедно за безбедно лето“ се настојува да се упати порака до родители, институции, организации, здруженија сите да посветат внимание на младите, пред се на малолетните лица, во летото да се насочат во креативни активности наспроти посета на напуштени места, улици, онаму каде шо има ризици по однос на безбедноста, изјави Виолета Богдановска од отсекот за превенција при СВР Куманово
Манифестацијата ја отвори и поздрави градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.
Отсекот за превенција при СВР Куманово преку различни активности веќе седум години го имплементира проектот „Безбедни училишта" , кој е поддржан од мисијата на ОБСЕ во Македонија.
Ново на Сител
-
Никако да се стави крај на нелојалната конкуренција
-
Стандардот, лошото здравство и образование и партизација, основни причини за иселувањето
-
Тема на денот со Елмедин Конаковиќ, Министер за надворешни работи на БиХ
-
Да се симнат табуата и мажите почесто да прават лекарски прегледи
-
До утре комплетен список на министрите на Владата на Мицкоски
-
Тивок бојкот во СДСМ
-
Ќе плаќаме ли поскапа струја од 1 јули?
-
Зголемен обем на работа во ГОБ 8 септември поради хаосот со салите на Клинички, а кадарот масовно си заминува