Македонија
7. July 2023 - 13:59

Сите се подготвени за Златни денови Кратово

Денес и утре, 07.-08.07.2023, во историскиот град на мостовите, традиционално ќе се одржи еден од најомилените летни музички манифестации, - Златни денови Кратово 2023.

Се очекува стартот на Златните денови оваа година да биде одбележан со голема заинтересираност и еуфорија, а и да ги надмине очекувањата на организаторите во однос на посетеноста, не само од македонски посетители, туку и од љубителите на убавата музика од целиот Балкан.

Првиот дел од програмата на манифестацијата ќе биде исполнет со настапи на многубројни македонски ѕвезди, како што се Мераклиите од Мерак Меана - Благица Павловска, Јордан Митев, Ленче и Горан Кукиќ, Елена Андоновска, Душко Георгиевски, Елена Јовческа, Оркестар Скопски Боеми, Браќа Нуне, како и Кратовски Тамбураши, Етно состав Мелем, Драган Темелков-Џони.

Еуфоријата ќе продолжи и утре во саботно издание, за време на втората вечер, кадешто богатата забавна музичка програма ќе биде исполнета со несомнено незаборавни настапи на познатите македонски ѕвезди, Ламбе Алабаковски, Нокаут, Суперхикс, дуото Некст Тајм и Рок бенд Д'фендерс. Секако, традционално, но со модерен вајб, следува летна ДЈ забава, предводена од маестралниот ДЈ Ерик Фокс.

Новост во овогодинешното издание на Златни денови Кратово е концептот на присуство и настапи исклучиво на македонски изведувачи, сѐ со цел да се стави во фокус македонската музика и македонските ѕвезди и да се потсетиме на безвременската вредност на нивната важност.

Златни денови Кратово, почнувајќи од 2014 година, прерасна во една од најубавите културни манифестации во земјава, а една од главните причини за истото се секако гостите и посетителите, на овој настан, кои секогаш во голем број го посетуваат фестивалот сите овие години.

Кратовчани се подготвени уште еднаш да ја покажат својата гостопримливост на љубителите на добра забава од сите генерации.