Македонија
11. November 2016 - 16:32

Сите политички партии потврдиле дека ќе стават потпис на кодексот за превенција од насилство на парламентарните избори

Четирите најголеми политички партии и помалите коалиции кои функционираат на политичката сцена го прифатиле кодексот за превенција од насилство за време на Парламентарните  избори. Потпис на документот ветиле дека ќе стават откако ке завршат со комплетирање и поднесување на листите за пратеници. Од ДИК најавуваат дека будно ќе го следат процесот на почитување на законките обврски, но и права, а од МВР ветуваат дека ке обезбедат целосно гарантирање на сите права на граѓаните поврзани со изборниот процес. 

Од македонскиот центар за култура и развој ветија дека по добивањето на потпишаниот кодекс, потписите од партиските лидери ќе ги стават на увид на јавноста.