Сите починати донори оваа година се жени – Утрово зачука ново срце a двајца пациенти се спасија од дијализа
Рано утрово во градите на пациент кој долги години имал сериозна кардиоваскуларна болест зачука ново срце. Доби орган од 44 годишна жена кај која била дијагностицирана мозочна смрт на КАРИЛ и семејството и покрај загубата одлучиле да спасат човечки животи.
Бубрезите од починатиот донор завршија кај 23 и 30 годишни пациенти кои долги години оделе на дијализа. Во тек се и двете трансплантации на Урологија.
Од овој донор освен срцето и бубрезите, тимот од ортопедија извади коскени ткива кои во наредните недели ќе бидат трансплантирани кај пациенти кои имаат ортопедски болести и кај кои не може да биде вградена протеза.
Во период од една година или од 23 мај 2020 досега имало 5 пациенти со мозочна смрт – сите жени од кои се трансплантирани 4 срца, 10 бубрези и за прв пат е направена експлантација и трансплантација на коскени ткива.
Сите овие интервенции се направени во периодот на пандемија со Ковид 19 кога најголем број од капацитетите во здравствените установи беа пренаменети за справување со последиците од вирусот.
Сања Димитровска
Ново на Сител
-

„Безбеден град“ - системот чита регистарски таблички и при брзини од над 200 километри на час во услови на дожд и магла
-

Трета европска титула за Данска за славје во Хернинг
-

Ѓоковиќ: Карлос млад си има уште време пред тебе
-

Алкараз е новиот шампион на Австралија опен
-

Хрватска го освои бронзениот медал
-

Најмалку 16 лица загинаа во две одвоени сообраќајни несреќи во Турција
-

Сообраќајот во зимски услови по влажни коловози, останува забраната за камиони и автобуси на патот Шипковица-Попова Шапка
-

Мицкоски: Понудата до синдикатот е на маса една година, но мора да се преговара делот за плати во ОКД
