Сите патишта во населените места во Прилеп се проодни за сообраќај
Проодни се патиштата до населените места во Прилеп, информираат од локалната самоуправа. Покрај улиците во градот, фирмите задолжени за одржување на патиштата кои водат кон населените места во општина Прилеп, континуирано работат на нивно чистење од снегот.
Од „Изофас“, фирмата која се грижи за проодност на патиштата во реонот на Тополчани, Канатларци, Ерековци и останатите села, информираат дека сообраќајот на сите патишта се одвива без поголеми проблеми.
– Го чистевме патот од Тополчани кон Тројкрсти и Чепигово, сега одиме на потегот Клепач – Ерековци и Подмол – Лопатица, а го чистиме и патот од Канатларци до Тополчани. Снегот интензивно паѓа, ние чистиме според можностите, а продолжуваме со работа сѐ додека не се стабилизира времето. На патиштата се фрлаат сол и камчиња, така што сега патиштата се чисти и проодни, изјави Сашо Петрески од фирмата „Изофас“, надлежна за одржување на локалните патни правци во Прилеп
Ново на Сител
-
Објавен годишниот извештај за почитување на човековите права
-
Формирање на задруги за подобар пласман
-
Преглед на вестите од светот
-
Од петок маркетите ќе ги објавуваат цените на сите производи на интернет
-
Ја менува ли политиката Германија кон проширувањето
-
Мицкоски во Обединетите Арапски Емирати
-
Тема на денот со Борче Треновски, професор
-
Сведочење на Палевски