Сите кои сонуваат да спијат со лавови, можат да го остварат во Зоолошката градина во Лондон
Сите оние кои сонуваат да одат на сафари, од денеска можат тоа да го остварат без патувања во далечни земји, под услов да живеат или претстојуваат во британскиот главен град.
Имено, Зоолошката градина во Лондон од денеска почна да прима резервации за ноќевање во една од дрвените колиби поставени во близина на кафезот со загрозени азиски лавови.
Ноќевање во „соба со поглед на лавовите“ чини 378 фунти (525 евра) за една, а 558 фунти за две лица. Во цената вклучени се еден пијалак, вечера, појадок, како и организирано шетање по паркот во време кога нема посетители.
Учесниците на ова „мини сафари“ ќе може, исто така, да присуствуваат и на вечерното хранење на животните.
Заинтересираните цела година, освен во јануари ќе можат да резервираат најмногу до шест ноќевања во Зоолошката градина.
Понудата важи за возрасни и за деца.
Азиските лавови кои се помали од африканските, речиси се истребени од ловење.
Благодарение на напорите на конзерваторите, денес има околу 500 живи во дивината.
Ново на Сител
-
Пејачот Лијам Пејн пронајден мртов
-
Детали за тешката сообраќајка кај Катланово во која три лица загинаа
-
Без вода делови од Скопје
-
Мексиканскиот суперполицаец осуден на 38 години затвор за примање мито од картелите
-
Надбискупијата на Лос Анџелес треба да им исплати 880 милиони долари на жртвите на сексуално злоставување
-
Стејт департмент: Израел има право да го напаѓа Хезболах во Либан , дури и во цивилни згради
-
Отворање на канцеларија на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство
-
Нормализиран сообраќајот на автопатот Скопје – Велес кој беше во прекин поради сообраќајка