Сите американски министерства добија наредба да ги отстранат производите „Касперски“ од компјутерите
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп им нареди на државните институции да ги отстранат софтверските производи на „Лабораторија Касперски" од своите компјутерски системи, бидејќи се стравува дека оваа фирма со седиште во Москва би можела да е под влијание на Кремљ.
Министерството за внатрешна безбедност издаде директива кон другите оддели да направат попис на сите производи на „Касперски" во своите компјутерски системи во рок од 30 дена, да изработат планови за да ги отстранат во период до 60 дена и да престанат во целост да ги користат за 90 дена.
- Министерството е загрижено поради врските меѓу некои вработени во „Касперски“ и руското разузнавање и други владини агенции, како и можноста која ја дозволува руското законодавство да замолат или да побараат соработка од „Касперски“ и да ги прекинат комуникациите кои транзитно минуваат низ руски мрежи, се наведува во соопштението на американското Министерство за внатрешна безбедност.
Фирмата „Лабораторија Касперски“ повеќепати негираше дека е поврзана со која и да е влада, тврдејќи дека нема намера да помога на која и да е администрација да врши кибер шпионажа.
Ново на Сител
-
НБ: Нето надворешниот долг до 30 јуни 4,48 милијарди евра
-
Почна монтирањето на новиот топловод под мостот Беласица
-
Поевтинуваат дел од горивата
-
Запленети лекови, мобилни „ајфон 16“, часовници „ролекс“, девизи
-
На респиратор новороденчето чија мајка почина во кумановската болница
-
РКЕ: Грејната сезона почнува на 15 октомври
-
МНР: Нема наши државјани кои се обратиле за помош или евакуација од Либан
-
На 4 октомври застарува затворската казна на Груевски за набавката на „мерцедесот“