Сите 40.000 луѓе кои биле на натпреварот Аталанта – Валенсија се заразени со Ковид-19

Градоначалникот на Бергамо, Џорџо Гори изјави дека сите 40.000 навивачи кои присуствувале на фудбалскиот натпревар Аталанта – Валенција, што се одржа на 19 февруари во Милано се заразени со новиот коронавирус.
– Во тоа време не знаевме што се случува. Првиот пациент во Италија беше на 23 февруари. Ако вирусот циркулираше, тогаш 40.000 навивачи на стадионот Сан Сиро биле инфицирани. Никој не знаеше дека вирусот е помеѓу нас. Голем број го гледаа натпреварот во групи и маше многу контакти помеѓу нив. Вирусот се пренесува од еден на друго, посочи Гори.
Бергамо од каде е фудбалскито клуб Аталанта е најтешко погодениот италијански град од новиот коронавирус.
Фудбалскиот клуб Валенсија на 16 март потврди дека 35 проценти од екипата биле позитивни на Ковид-19.
Во Италија, според најновите податоци инфицирани се 74.386 луѓе од кои 7.503 починаа.
Ново на Сител
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
-

Нападот врз синагогата во Скопје бил внимателно планиран
-

Лекари од Македонија кои работат во странство преку телемедицина ќе лекуваат пациенти во земјава
